Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
„ТРУБАДУР“ – Џузепе Верди – РЕПРИЗА (11.5.2024) May 11 @ 8:00 pm - 10:30 pm 800MKD

52 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

РЕПРИЗА
Џузепе Верди
„ТРУБАДУР“
11.5.2024, 20:00 часот


Диригент:  Иван Еминовиќ
Режисер:  Иван Поповски
Сценограф:  Миодраг Табачки – Србија
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Саша Евтимова
Асс.Диригент: Катерина Стојковска
Асс. Режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Асс.костимограф : Ангела Богеска
Концерт мајстор:
Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер:
Невена Георгиева

НАСТАПУВААТ:
Манрико:  Филипе Рохас (Чиле)
Гроф Луна:   Ристе Велков
Леонора: Криста Де Силва (Канада)
Ацучена: Сања Анастасиа (Србија)
Ферандо: Владимир Саздовски
Руиц:   Јане Дунимаглоски
Инес: Ана Ројдева
Стариот циганин: Тихомир Јакимовски
Гласник:  Дејан Стоев

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет

 

Опера во 4 чина (8 слики)
Либрето: С. Камарано, според истоимената драма на А. Гутјерес
Прва претстава 19 јануари 1853 година во Рим.

Премиерата на „Трубадур“ била една од најуспешните кај Верди, проследена со овации кај публиката. Иако сижето на операта е крајно сложено и не секогаш логично, Верди го “облагородува” со својата музика, нагласувајќи ги суштествените акценти на драмата. Тоа е, пред се, спротиставувањето на слободниот табор на циганите и суровото насилство на грофот Луна. Незалудно мелодиите на циганските песни и кабалетата на Манрико од оперската сцена се префрлиле на градските улици, претворајќи се во патриотски песни. Целата опера е проткаена со особен мелодиски раскош и вдахновение а некои музичко-драматуршки ефекти (на пример, спојувањето на повеќе планови на дејството во Мисерере од четвртиот чин) отвараат нови перспективи во музичкиот театар.

 

Содржина

Стариот војник Ферандо, раскажува дамнешна сторија за грабнато дете во која вистината се измешала со измислици.

Пред замокот на Леонора, трубадурот Манрико се судрува со грофот Луна. Во циганскиот табор, мајката на Манрико, Ацучена, раскажува за еден дамнешен настан, кога мајка и била жива запалена, па за одмазда Ацучена го грабнала синот на стариот гроф. Манрико почува да се сомнева-дали е тој синот на циганката…

На Леонора лажно и јавиле дека Манрико загинал. Таа решава да се закалуѓери. Луна сака да ja грабне Леонора, но се појавива Манрико со своите војници и го победува Луна. Конечно Манрико и Леонора можат да бидат заедно.

Луна во меѓу време се подготвува за одмазда. Неговите војници ja заробуваат Ацучена. Ферандо ja препознава циганката која некогаш го грабнала братот на Луна. Манрико брза да ja ослободи неговата мајка. Непромислено напаѓа и го заробуваат.

Дознавајќи дека Манрико е заробен, Леонора решава да го спаси и му се нуди на Луна. Toj и дозволува да го види Манрико за последен пат. Леонора испива отров со подзабавено дејство. Со веста за слобода таа доаѓа во затворот и умира на рацете на Манрико. Разбеснетиот Луна наредува да го убијат Манрико. Ацучена-предоцна! – му кажува на Луна дека тукушто го погубил сопствениот брат.

Details

Date:
May 11
Time:
8:00 pm - 10:30 pm
Cost:
800MKD
Event Category:
Website:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=5770