- This event has passed.

ШЕХЕРЕЗАДА – Николај Римски Корсаков (балет)
Диригент:
Кореограф: Михаил Крапивин (Русија) – со првична постановка на Михаил Фокин
Сценограф: Марија Ветеровска (по сценографијата на Л. Бакст)
Костимограф: Маја Бурсаќ (Србија) – по костимографија на Л. Бакст
Концерт мајстор:
Репетитори:
Солисти:
Забеида: Александра Мијалкова
Златен роб: Васил Чичијашвили (Грузија)
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.
Кратка содржина:
Царот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Заман го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Зaбеида. Кога царот ќе објави дека ќе оди во лов, Земан отворено го изтразува своето сомнение во верноста на Зaбеида. Девојките од харемот ја заговараат Зaбеида да му пријде на Шархијар и да му пожели среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение.
Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува, да ја отвори вратата од харемот.
Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Зaбеида за себе го одбрала најубавиот меѓу нив.
Одеднаш се враќа Шахријар, кој се посомневал во верноста на Зaбеида.Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите.
Зaбеида пробува да го моли царот за милост, и го убедува за нејзината верна љубов.Кратко време состојбата изгледа дека е спасена, но сепак царот ја жртвува својата љубов за да ја спаси својата чест.
Зaбеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахријар.