Loading Events

« All Events

„ШЕХЕРЕЗАДА“ – Николај Римски Корсаков и „ВАЛПУРГИСКА НОЌ“ – Шарл Гуно (17.1.2025) January 17 @ 8:00 pm - 10:00 pm 600МКД

„ШЕХЕРЕЗАДА“ – Николај Римски Корсаков
„ВАЛПУРГИСКА НОЌ“ – Шарл Гуно
(балетска претстава)

17.1.2025, 20 часот

 

ШЕХЕРЕЗАДА – Николај Римски Корсаков

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Михаил Крапивин (Русија) – пренел Михаил Фокин
Сценограф: Марија Ветероска – по сценографијата на Л. Бакст
Костимограф: Маја Бурсаќ (Србија) – по костимографија на Л. Бакст
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Репетитори: Володимир Борисов (Украина), Киро Павлов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска-Кочевска, Марија Јосифовска Ристовска,

Настапуваат:
Забеида: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов
Златен роб: Франциско Хименес Руиз (Шпанија),Балаж Лашеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина)

-ПАУЗА-

„ВАЛПУРГИСКА НОЌ“ – Шарл Гуно
(Балетски дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно)

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Михаил Лавровски
Пренел и режирал: Јуриј Мјачин (Русија)
Сценограф: Илија Аризанов
Костимограф: Изабела Поњавиќ
Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Солисти: Христина Наќевска Митрашиновиќ, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина)
Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл на Националната опера во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Синопсис Шехерзада:

Царот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Земан го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Забеида, но Земан се сомнева во нејзината верност. Шахријар, потпаѓа под влијание на Земан и објавува дека ќе оди на лов, а девојките од харемот ја заговараат Забеида да му пријде на Шахријар и да му посака среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение. Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува да ја отвори вратата од харемот. Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Забеида за себе го одбира најубавиот меѓу нив. Одеднаш се враќа Шахријар. Сомневањето на Земан се потврдува. Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите. Забеида го моли царот за милост и го убедува во нејзината верна љубов.Иако за момент се колеба, Шахријар за да ја спаси својата чест ја жртвува својата љубов. Забеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахриј.

Синопсис Валпургиска Ноќ

На 27 јануари 1949 година, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот, со „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен театар.

Details

Date:
January 17
Time:
8:00 pm - 10:00 pm
Cost:
600МКД
Event Category:
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=420