

Почитувани,
Ве известуваме дека на 7.4.2025 со почеток од 20 часот, македонскиот национален балет ќе настапи на 39-от Интернационален музички фестивал во Анкара, кој се одржува во период од 4 до 30 април, во Анкара.
Балетот ќе настапи со „Патување“ (современ балет) кој премиерно ќе биде изведен во Анкара.
Кореграф: Џан Арслан (Турција)
Музика: Езио Босо
Асистент–кореограф: Саша Евтимова
Костимограф: Марија Пупучевска
Настапуваат: Саша Евтимова, Наташа Трендафилова Гицев, Симона Колиштркоска, Илијана Данилов, Ева Перковска, Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Валери Љубенко, Ендру Кук и Веселин Трајковски
Организатор на овој проект е Киро Палов директор на балетот при Македонската опера и балет и Џан Арслан, кореограф кој е познат на македонската публика по кантата „Кармина Бурана“, која премиерно беше изведена на 21.6.2006.
Истата вечер на сцената ќе настапат и Акрам Хан компанијата од Лондон.