Loading Events

« All Events

„РИГОЛЕТО“ – Џузепе Верди -ПРЕМИЕРА (9.5.2025) May 9 @ 8:00 pm - 11:00 pm 1200MKD

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
53 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

ПРЕМИЕРА

Џузепе Верди
„РИГОЛЕТО“
 09.05.2025, 20.00часот 

 

Диригент: Џанлука Мартиненги – Италија
Режисер: Пјер Маестрини – Италија
Асс. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Сценограф:  Гилермо Нова – Италија
Костимограф:  Кристина Ачети – Италија
Асс костомограф : Ангела Богевска
Концертмајстор: Климент Тодороски
Хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ
Кореограф:  Саша Евтимова
Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева,
Андреја Наунов, Горјан Стојановски
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Kатерина Бошковска
Суфлери: Невена Георгиева

НАСТАПУВААТ 
Риголето: Марко Карија – Италија
Џилда: Aна Дурловски
Војводата од Мантова: Марио Баг – Јужна Кореја
Спарафучил: Игор Дурловски 
Мадалена: Николина Јаневска
Монтероне:   Владимир Саздовски/ Борко Биџовски
Маруло: Драган Ампов  
Борса:  Јане Дунимаглоски
Грофица Чепрано: Александра Лазаровска Василевски
Гроф Чепрано: Диме Петров
Џована: Марика Поповиќ
Паж:  Десанка Глигоријевиќ
Офицер: Диме Петров

Хорот и оркестарот на Национална опера и балет

 

Синопсис

Во дворецот на војводата од Мантова се одржува бал. Војводата и се додворува на грофицата Чепрано. Дворскиот шут, Риголето го исмејува грофот Чепрано, а Маруло им кажува на присутните дека Риголето тајно има млада и убава љубовница. Тие се договараат да ја грабнат. На балот пристигнува грофот Монтероне, чија ќерка војводата ја обесчестил. Сите се подбиваат со него, најмногу Риголето. Монтероне ги проколнува и Риголето и војводата.

Потресен од клетвата Риголето си оди дома, каде пред својот дом се среќава со Спарафучиле кој му ги нуди своите услуги на професионален убиец.

Во домот, Риголето спокојно разговара со својата ќерка Џилда, а на дадилката Џована и наредува никој да не влегува во нивниот дом.Тој заминува загрижен, а во домот доаѓа војводата престорен како студентот Гуалтиер Малде. Ја поткупува Џована со пари, таа го пушта внатре и на Џилда и изјавува љубов. Пред домот се собираат дворјаните со намера да ја грабнат Џилда. Со нив е и Риголето на кого му кажуваат дека ќе ја грабаат грофицата Чепрано која живеела блиску. Со превез на очите, во грабежот учествува и Риголето држејќи ја скалата. Кога работата е завршена, Риголето со ужас разбира дека е излажан и дека учествувал во грабежот на сопствената ќерка. Клетвата на Монтероне почнала да се обистинува.

Во дворецот на војводата, дворјаните разбираат од Риголето дека Џилда му е ќерка. Во бес, Риголето влетува во одаите на војводата. Џилда посрамена трча кон татка си. Тој се колне дека ќе се освети. Џилда го моли да му прости на војводата.

Во крчмата на Спарафучиле, Риголето прави договор со него, војводата да биде убиен. Ја испраќа Џилда престорена во машко, но таа се враќа со намера да се сретне со Војводата. Го слуша разговорот помеѓу Спарафучиле и Мадалена, при што таа го моли да го поштеди војводата. На вратата од крчмата, во мракот Спарафичиле ја убива Џилда, сакајќи на тој начин да ги оправда парите пред Риголето. Тој бара да го види телото завиткано во вреќа. Со ужас констатира дека е тоа неговата ќерка. Пред смртниот час Џилда го моли да и прости. Риголето се присетува на проклетството на Монтероне.

Details

Date:
May 9
Time:
8:00 pm - 11:00 pm
Cost:
1200MKD
Event Category:
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=442