
Пјетро Маскaњи
“Кавалерија рустикана”
11.9.2026 / 20 часот
Диригент: Иван Еминовиќ
Асс. Диригент: Катерина Стојковска
Режисер: Џандоменико Вакари ( Италија)
Асс. Режисер: Алесандро Идонеа (Италија)
Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Елена Дончева
Концерт–мајстор:
Асс. Хор – мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов, Анастасија Грговска
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Катерина Бошковска
Суфлер: Невена Георгиева, Ивана Јордановска
НАСТАПУВААТ:
Сантуца: Весна Гиновска Илкова
Туриду: Зоран Сотиров
Алфио: Марјан Јованоски
Лола: Катерина Стојановска
Мајка Лучија: Соња Пендовска Мадевска
Хорот и оркестарот на Национална опера и балет
Опера во еден чин (Праизведба во Рим, 17.05.1890)
Прељуба, љубомора, одмазда = Трагедија
Содржина:
Вечер пред Велигден во сицилијанско село.
Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева, сo цел да разговара со него.
Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.
Лола е жена на коларот Алфио. Туриду, пред да замине во војска бил свршен со Лола, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.
Туриду после враќањето од војска разочаран, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.
Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните, останува сосема сама, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија, каков грев сторил нејзиниот син.
Доаѓа и Алфио, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.
Ззборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.
Доаѓа Туриду, Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.
Сантуца, пред која селаните ги затвораат црковните врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна.
Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.
После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.
По острата расправија, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.
Туриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца, ако тој не се врати.
Мајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.
Се слуша само: ,,Туриду е мртов“