- This event has passed.
ИГОР ДУРЛОВСКИ – бас
ДИНО ИМЕРИ – пијано
Рецитал
Повеќе години наназад, басот Игор Дурловски е присутен на светската музичка сцена изведувајќи бројни оперски улоги и дела од концертниот репертоар. Се школувал на ФМУ во Скопје со Биљана Јовановска и во Виена со Оливера Милјаковиќ, а неговиот талент е забележан во 1999 година кога дебитира на домашната сцена. Оттогаш тој станува миленик на публиката пред која со својот моќен, елоквентен бас и елегантна вокална техника ги толкува белканто улогите на Доницети, Белини и Росини, лиричните и драматични ликови на Пучини, како и херојските улоги на руските и француски композитори. Во 2001 година Дурловски дебитира на меѓународната сцена, во продукцијата на операта „Il capello di paglia di Firenza“ од Нино Рота. Драматичниот и лирски бас на Дурловски во текот на годините станува препознатлив и во македонските оперски дела. Во 2003 година ја добива наградата „Георги Божиков“ од СОКОМ, а од 2004 година е солист на Виенската камерна опера. Изграден и меѓународно афирмиран пијанист, добитник на наградата „Виртуози“ за „Најдобар млад музички уметник“ во 2013 година, Дино Имери со посветеност, љубов и искреност веќе години наназад цврсто чекори по патот на успехот. Имери го претставува својот раскошен музички талент на бројни концертни подиуми и реномирани манифестации во земјата и странство, како солист со Македонската филхармонија, Стразбуршкиот филхармониски оркестар, Софиската филхармонија, под диригентско водство на Јозеп Висент, Томас Херцог, Филип Хескет, Најден Тодоров, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев… Добитник е на бројни државни и меѓународни награди и признанија, а на третиот меѓународниот натпревар по пијано во Нормандија, Франција е прогласен за еден од десетте најдобри пијанисти во Европа.