Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
КЛЕОПАТРА – балет на Василиј Медведев (31.01.2017) January 31, 2017 @ 8:00 pm - 11:00 pm 800MKD

Клеопатра – најмистериозна жена на античкиот свет, легендарна освојувачка на срцата, љубовница на Цезар и Марко Антонио, последна владетелка на Египет – повеќе од две илјади години ги инспирира поетите, сликарите, композиторите и режисерите. Нејзиниот лик бил повеќе пати пресоздаван во сите видови на уметност, а денес ние повторно се свртуваме кон историјата на прекрасната и таинствената Клеопатра.

Музика: Нерија Цепаите Голдберг (Литванија)
Кореограф: Василиј Медведев (Русија)
Диригент: Бисера Чадловска
Сценограф и костимограф: Павол Јураш (Словачка)
Либрето: Јана Темиз (Турција)
Асистент кореограф: Станислав Фечо (Чешка)
Репетитори: проф. Тања Вујисиќ Тодоровска, Лора Трачуговска и Горан Божинов
Програмски организатор и реализатор: Даница Ковачевска
Секретар за техничкоуметничка оператива: Милка Салапура Каникова
Координатор на Балет: Дафина Данилоска – Кочевска
Корепетитори: Марјан Василевски и Стефан Пехчевски
Репетитори на деца од ДМБУЦ: Соња Здравкова Цепароска, Маја Митровска – Богојевска и Сања Шутевска.
Испициент: Дубравка Шопова
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Светло мајстор: Милчо Александров

 

НАСТАПУВААТ:

Клеопатра: Александра Мијалкова
Цезар: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марк Антони: Бобан Ковачевски
Октавија: Марија Кичевска Шокаровска
Змија: Мими Поп Алексoва Атанасовска
Октавијан: Киро Павлов
Аполодор: Дојчин Дочев (Бугарија)

Четворка РОБИНКИ: Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска, Марина Анастасовска

Четворка   ВОЈНИЦИ: Игор Велановски, Јан Кисилев, Ендру Кук, Андреј Литвиненко ,Тетсуа Имура, Светлин Стојанов

Соло Ваханалија: Саша Евтимова, Игор Велановски

СОЛО влез на Клеопатра: Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Јосифовска-Ристовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Андријана Петковски, Игор Велановски, Тетсуа Имура

Свештеник: Киро Павлов

Теодот: Горан Божинов

Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ

 

За балетот, премиерата…

На новиот балет, кој се создава специјално за Македонската опера и балет, работи меѓународен тим на автори од пет земји. Ние замисливме голема, грандиозна претстава, разнобојно шоу, кое во нешто излегува од рамките на обичниот класичен балет, со кинематографски ефекти, фантастично светло и звук, со користење на нови технологии, и се надеваме дека нашиот спектакл ќе биде достоен на императорката на која е тој посветен.
Ова е светска премиера, за која што познатиот композитор од Литванија Нериа  Голдберг (Чепајте) напишал прекрасна музика, а писателката од Турција Јана Темиз создала ново либрето. Со спектаклот ќе диригира Александр Аниссимов од Белорусија, маестро со светско реноме. Во балетот, се разбира, протагонист е кореографот: „Клеопатра“ ја поставува петербуршкиот балет мајстор со светско име – Василиј Медведев, познат по своите поставки во Бољшој театар, во Државниот балет во Берлин и на многу други сцени во светот. Неговиот стил е најдобро прилагоден за таквиот балет: Медведев работи во духот на неокласика, затоа сите негови поставки, како по правило, им се допаѓаат не само на познавачите на балетот и критичарите, туку ги полнат салите со одушевени гледачи. Неговиот незаменлив асистент е кореографот и педагогот од Чешка – Станислав Фечо. Многу важна улога во било кој спектакл со историска тематика ја има визуелното обликување – на тоа работи познатиот словачки уметник Павол Јураш: тоа се околу четиристотини рачно изработени костими и четиринаесет роскошни променливи декорации.
Во спектаклот се ангажирани оркестар, хор, балетски групи (околу тристотини луѓе на сцена!), мимичари и циркуски уметници, фолклорни групи, дури и дресирани животни… нема да ги издаваме тајните на идната претстава, но мислиме дека појавата на прекрасната Клеопатра во главниот град на Македонија нема да биде помалку роскошно и спектакуларно од нејзиното познато освојување на Рим.

 

За јубилејот – 25 години уметничка дејност на Александра Мијалкова – Примабалерина
И, конечно, неколку зборови за нашата главна хероина – не за царицата на Египет, туку за онаа, заради која и се создава нашиот нов балет.
Тоа е прекрасната балерина Александра Мијалкова, оваа година театарот ја одбележува нејзината дваесет и пет годишнина на сцената, и нашиот спектакл фактички е посветен на овој јубилеј. Кореографот Василиј Медведев и порано работел со Александра, и веќе тогаш, за време на поставувањето на „Дамата со камелии“ ние мечтаевме да создадеме оригинален, нов балет – специјално за Александра, па во светот има многу примери кога балетот се создава заради една истакната танчерка. Ние имавме многу идеи и варијанти, но на крајот изборот падна на Клеопатра – наследничка на Александар Македонски, чија слава на убавината преживеала не со векови, туку со милениуми.

Details

Date:
January 31, 2017
Time:
8:00 pm - 11:00 pm
Cost:
800MKD
Event Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/kleopatra-balet-svetska-premiera-31-01-2017.html

Venue

Национална опера и балет Скопје
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Phone:
+389(02) 3118 – 451