Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
„ПАЈАЖИНА“ – Рисима Рисимкин (ПРЕМИЕРА) / „ГРИЗЕЊЕ“ – Александра Петрушеска и Тереза Лазарев April 24 @ 8:00 pm - 9:00 pm 500МКД

24.4.2026 – 20.00 ч. / Мала сцена
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИ КОРЕОГРАФИ
„ПАЈАЖИНА“ – Рисима Рисимкин (ПРЕМИЕРА)
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Дизајн на сцена и костим: Матеа Мијановиќ
Изведувач: Адријана Данчевска Ровчанин
Продукција: Скопје танцов театар / Интерарт Културен Центар, 2026
Пајажина (во полињата на неизвесноста)“ е интимна и длабоко рефлексивна танцова претстава која ја истражува сложеноста на животот и патеките по кои се движиме. Во центарот на делото е прашањето: колку една одлука може да ја промени нашата насока, и дали воопшто постои јасна линија помеѓу изборот и судбината.
Времетраење: 20 минути
„ГРИЗЕЊЕ“ – Александра Петрушеска и Тереза Лазарев
Кореографија: Александра Петрушевска
Изведена од и создадена со: Тереза Лазарев
Музика: Александар Гроздановски
Костим и шминка: Александра Петрушевска
Светло: Александра Петрушевска
ГРИЗЕЊЕ е кореографско дело на Александра Петрушевска, изведено од и создадено во соработка со Тереза Лазарев, на музика од Александар Гроздановски. Солото е резултат на нивната долгогодишна соработка и континуиран отпор кон доминантните форми во танцот и музиката. ГРИЗЕЊЕ ја разоткрива поетиката на телото низ танц што не мирува, туку трепери, се двоуми и се гризе самиот себе.
Времетраење: 30 минути

Details

Date:
April 24
Time:
8:00 pm - 9:00 pm
Cost:
500МКД
Event Category:
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=491