- This event has passed.
НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ – ОПЕРА
51 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
ЏУЗЕПЕ ВЕРДИ
„Реквием“
26.05.2023 почеток 20ч.
Диригент: Емил Табаков (Бугарија)
Концерт–мајстор: Владимир Костов
Хор–мајстор: Ѓурѓица Дашиќ
Светло дизајн: Перо Марачков
Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски
Солисти:
Беса Лугичи – сопран (Косово)
Сања Анастасиа – мецосопран (Србија)
Никола Китановски – тенор
Игор Дурловски – бас
Настапуваат хорот на Националната опера и балет и оркестарот на Филхармонија на Р.С.Македонија
„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди е едно од најмоќните, најдрамтичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба е прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на славниот италијански книжевник Алесандро Манцони.
Композиторот Јоханес Брамс изјавил дека „само гениј би можел да напише вакво дело!“ Реквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…