Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати заучество во аудиција за операта „Џани Скики“. Аудицијата ќе се одржи на 18 ноември  во 11.00 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин.

На аудицијата ќе бидат поканети само оние кандидати кои ќе поминат низ првата етапа на процесот на селекција.

Пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на електронска поштана audicii@mob.com.mk најдоцна до 11 ноември 2016 година до 14.00 часот.

Пријавата треба да содржи:

  • Снимка со избор од три различни композиции. (Не е потребна професионална студиска снимка);
  • Фотографија (непостара од 1 година);
  • CV;
  • Информации за контакт

Аудиција

Македонската опера и балет по потреба ке обезбеди корепетитор за кандидати.
Кандидатите треба да подготват 2 различни арии од кои најмалку една од операта.
Сите арии се исполнуваат напамет.

Со почит,

Македонска опера и балет