Поради големиот интерес за членство во детскиот хор ФАЛСЕТО, Македонската опера и балет со задоволство најавува  прием на нови членови.

falsetto1

Родители, доколку и Вашето дете има желба да пее, и е на возраст од 5 до 14 години, овозможете му да научи – правилно да пее. Низ интерактивен пристап, преку песна, смеа, забава, да влезе во светот на музиката. Фалсето е одличен избор за секое дете да го искористи својот потенцијал и да ја развие музиката во себе.

Со цел формирање на нови групи – Фалсето Јуниор, каде и најмалите добиваат шанса, збогатена и интересна програма со едукативен карактер, членувањето во хорот се наплаќа. Месечната чланарина е само 1000 денари.

За сите заинтересирани, дополнително ќе го објавиме датумот, часот и местото на аудициите.

falseto logo-01

Пријавувањата се во тек!  (симни пријава)

Е-маил за пријавување: falsetto@mob.com.mk