Најпознатото балетско дело „Лебедово езеро“ од П.И. Чајковски, годинава првпат  беше изведено во рамките на фестивалот  „Опера опен“ во Пловдив, а дел од меѓународната продукција на претставата е и Македонска опера и балет (МОБ). Претставата беше изведена на 13 и 14 септември во античкиот театар во Пловдив со гости солисти од Бољшој театар, балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет, под диригентската палка на нашата маестра Бисера Чадловска. Античкиот театар во Пловдив исполнет до последното место, а претставата беше поздравена со овации од преаздоволната публика.

plovdiv