Почитувани,

Особена чест ни е да Ве поканиме на прес – конференцијата за медиумите на 2.10.2019 во 11:00 часот во фоајето на Националната опера и балет, по повод отворањето на сезоната 2019/2020 и балетската премиера „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.

Националната опера и балет Ве поканува заедно да прославиме 70 години балетска уметност и свечено отворање на новата
сезона 2019/2020 со две премиери во иста вечер – „Кармен” и „Валпургиска Ноќ”, во кореографија на Габор Кевехази од
Унгарија.

Премиера: 5 октомври и реприза 8 октомври, почеток 20:00 часот.
Настапуваат првенци, гости, истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Со почит,

Маркетинг на НОБ