Денес, 22 мај, во Македонската опера и балет, в. д. Директорот  Ќазим Асотиќ оствари работна средба со директорката на Тиранската Национална Опера и Балет, Зана Чела и уметничкиот директор Абигаела Воштина.

Potpisuvanje na memorandum tirana

На средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двете оперски куќи и беше договорена меѓусебна  соработка и поддршка, заедничка продукција, како и размена на искуства и знаења во периодот што следува.

Токму на денот кога во рамки на 46. Издание на Мајските оперски вечери, гостува Националниот театар од Сараево, Р. Босна и Херцеговина, плод на меморандумот за соработка што беше потпишан изминатиот месец, потпишиваме уште еден документ со кој ќе ја зацврстиме нашата улога на културен центар на Балканот кој успешно соработува со сите сродни куќи од соседството. Македонската опера и балет и Тиранската национална опера и балет веќе од септември ќе започнат размена на уметници по што се очекува да се направат и договори за поголеми ко-продукциски проекти.

 

Со почит,

Македонска опера и балет