Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во преслушување за надворешни соработници за Оркестарот на МОБ.

 

Пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на електронска пошта на audicii@mob.com.mk најдоцна до 13 Јануари  2017 година.

Пријавата треба да содржи:

  •  Снимка со избор од две различни композиции. (Не е потребна професионална студиска снимка);
  •  Фотографија (непостара од 1 година);
  •  CV;
  •  Информации за контакт

 

За преслушувањето кандидатите ќе треба да ја подготват следната програма:

  1. Едно циклично дело по избор на кандидатот
  2. Едно виртуозно дело по избор на кандидатот
  3. Читање ,,prima vista,,

 

Преслушувањето ќе се одржина:

20 Јануари  2017 во 13.30 часот во Империал салата на МОБ и тоа за следните инструменти:

Виолина, виола, контрабас, тромбон, труба и ударни инструменти

 

Кандидатите кои ќе бидат избрани, ке бидат известени по електронски пат и треба да бидат достапни за преслушувањето во закажаните термини.

 

Со почит,

Македонска опера и балет