Прес – “Проект за подобрување на музички инструменти,опрема за озвучување и осветлување на Национална опера и балет” 

На 20.09.2021 година во фоајето на НУ Национална опера и балет се одржа прес-конференција по повод реализацијата на проект од јапонската програма за развој на културата – “Проект за подобрување на музички инструменти,опрема за озвучување и осветлување на Национална опера и балет” Проектот е донација на Јапонија.

????????????????????????????????????

На прес-конференцијата како говорници се обратија Никола Димитров, Заменик Претседател на Владата задолжен за европски прашања, Н.Е.Хиронори Савада – Амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Министерката за култура на Република Северна Македонија – Ирена Стефоска, Такеичи Џиро, главниот претставник на ЏАЈКА-Балкан и Васо Ристов, Директор на НУ Национална опера и балет.

????????????????????????????????????

Проектот започна во август 2018 година а заврши во август 2021 година.
Во 2019 година беше одржана прес-конференција на која се потпиша договор помеѓу Република Северна Македонија и Јапонија, како и помеѓу НУ Национална опера и балет и Јапонската агенција за меѓународна соработка. Договорот беше потпишан за донација во износ на сума од 663.697 евра.

 

????????????????????????????????????

Директорот на Национална опера и балет, Васо Ристов, се заблагодари на сите вклучени страни за успешната реализација на овој проект што претставувал голем предизвик за целиот тим, но отвора нови можности за соработка и унапредување на квалитетот на изведбите.