Пријавете се и бидете дел од големото Балканско талент шоу, кое ќе ги донесе најталентираните кандидати на сцената на Македонската опера и балет.casting-talent-show

Бидете дел од премиерната изведба на мјузиклот „ТАЈНО МОЈА“, во чест на Тоше Проески. Покажете ги вашите музички, актерски и танцувачки способности! Испратете ваша фотографија и ваши податоци (име, презиме, години на раѓање и место на живеење) на електронската пошта tajnomoja@mob.com.mk

Најдоцна до 15 ноември 2016 година.

За дополнителни информации јавете се на 077-729-449.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

 

Дали има ограничување во однос на возраста?
Може да се пријави секој од 10 години, па нагоре. За малолетните лица ќе има формулари за согласнот од родители кои ќе бидат поделени на самата аудиција.

Што е мјузикл?
Мјузикл или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот на XX век. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или прерадено литературно дело. Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра.

Што треба да се подготви за аудицијата?
Треба да се подготват две забавни песни, од кои едната македонска а другата странска, меѓутоа ниедна песна да не е од Тоше Проески. Пријавените кандидати ќе бидат известени преку ел. пошта во кој термин да дојдат, а аудиците се од 21 до 25 ноември. Првите аудиции се само вокални аудиции и ќе се пее без музика.

Кога е финалето на такмичењето и премиерата на мјузиклот?
Финалето ќе биде на крајот на месецот јануари, а премиерата крајот на март или почетокот на април.

Дали за да се пријавам треба да имам некакви квалификации?
За пријавување на кандидатите потребен е само талент, не се потребни квалификации или да се биде оперски пејач.

Каде се одржуваат аудициите и такмичењето?
Сите аудиции и понатамошното такмичење се одржува во Македонската опера и балет.

Како ќе се одвиват аудициите и такмичењето?
За сите одбрани кандидати ќе има разчлични задачи кои ке бидат зададени од стручното жири. Задачите ќе вклучуваат пеење, глума и танцување и како што поминува кругот, задачите стануваат се потешки. Победниците или финалистите ќе добијат улога во мјузиклот „Тајно моја“