- This event has passed.
Сергеј Прокофјев
„ПЕПЕЛАШКА“
18.3.2023- 12 часот
(современ балет во 3 слики)
Современа бајка за сите возрасти
Кореограф: Александар Илиќ (Србија)
Костимограф: Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска)
Сценограф: Филип Коруновски
Дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска)
Дизајн на светло: Милчо Александров
Асистент–кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија)
Асистент–костимограф: Ангела Богеска
Репетитори: Саша Евтимова,Билјана Пашариковска,Дафина Данилоска-Кочевска
НАСТАПУВААТ:
Пепелашка: Биби Басмаџиева Ковачевски
Принц: Игор Веланоски
Вила Ангел: Саша Евтимова
Маќеа: Марија Јосифовска-Ристовска,
Сестри: Ендру Кук, Кристијан Јангос
Татко:Драган Кочоски
Мала Пепелашка: Гала Кочевска
Настапуваат солисти и балетски ансамбл на Националната опера и балет
Времетраење: 1 час
СИНОПСИС „ПЕПЕЛАШКА
“ ….И живееја среќно до крајот на животот, затоа што љубовта е во воздухот….но, пред тоа би требало и да се запознаат…. Во еден мал, но познат град, на главниот плоштад, каде што се наоѓа споменикот„ Вила Срце“, се среќаваат пријатели, се заљубуваат момчиња во девојки, оџачарот прави пауза во својот распоред, а едно девојче по име Пепелашка во нежните дланки, носи куфер преполн со соништа. Чекајки го својот татко, кој и има испратено писмо, се радува на средбата и одењето во заедничкиот топол дом, дом во кој никој не ја сака, но соништата не ја напуштаат. Со помош на мудрите Вили и малку магија, таа е спремна за бал на кој не е повикана. На балот е омилената и најубава девојка, во која сите момчиња се вљубени, таму е и тој вистинскиот – нејзиниот принц од соништата. Правилото е дека сите добри девојки мораат пред полноќ да бидат во своите домови. Опиена од танц, смеа, од принцот и неговото друштво, заборава на времето и точно на полноќ почнува лошиот сон. Во Вителот на танцот, отчукува полноќ, Пепелашка го губи својот принц, својот разум, но и едниот чевел. Принцот случајно го наоѓа чевелот, но тој не го знае името на девојката, ниту каде таа живее. Објавува потрага во градот за девојката која го изгубила чевелот, со ветување дека ако ја пронајде девојката, ќе се ожени со неа и таа ќе стане принцеза…. Дали приказната имаше среќен крај, тоа тогаш не го знаеше ниту Вилата Срце, бидејќи сите девојки загубија по еден чевел, верувајќи во своите желби и соништа. Сите живееја среќно до крајот на животот, но и подолго, по оваа приказна. Многу, многу среќно, бидејќи Love is in the Air….