ПРИЈАВА

Врз основа на член 77-а став (1) алинеа 2 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/2015, 154/2015, 39/2016, 11/2018 и„Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.265/24), и член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Национална опера и балет за 2025 година и известувањето за обезбедени финансиски средства бр. 19-6401/2 од 17.06.2025 година, издадена од Министерството за финансии, Националната установа Национална опера и балет – Скопје, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 2/2025

за пополнување на работни места со унапредување/распоредување

Националната установа Национална опера и балет објавува интерен оглас за пополнување на следното работно место:

  1. Друг стручен соработник во културата – Раководител на одделение за маркетинг и односи со јавност, шифра КУЛ 03 04 Г02 010, 1 (еден) извршител

Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Г се:

Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование

Степен и вид на образование: Средно стручно образованир-економско правна струка, Високо образование – Општествени науки; Економија и бизнис

работно искуство: за нивото Г2 најмалку пет години работно искуство во струката

На интерниот оглас може да се јави вработен во НУ Национална опера и балет, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за култура и во актот за систематизација.

Кандидатот треба да ги исполни следниве општи услови:

  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите се пријавуваат на интерниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за унапредување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата (архивата) на Националната опера и балет или на веб страница www.operabalet.mk

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

  • кратка биографија
  • доказ за завршено образование,
  • доказ за работно искуство
  • доказ/уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од шест месеци)
  • доказ дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не псотар од шест месеци).

Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават во архивата на Националната опера и балет или по пошта на адреса: Национална установа Национална опера и балет, Бул. Гоце Делчев бр. 4 Скопје (со назнака за ,,интерен оглас брoj 2/2025,,). Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на огласот. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју на која се проверуваат стручните способности на кандидатот. За денот, часот и местото на одржување на интервјуто кандидатите ќе бидат известени преку огласна табла и на телефонот кој ќе го наведат во пријавата.

Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата и на огласна табла на установата.

Архивски број 04- 3012/2 од  15.07.2025 година                                                                                                   НУ Национална опера и балет

ПРИЈАВА