- This event has passed.
Инспирацијата за претставата е големата американска балерина Исидора Данкан која живее на почетокот на 20 век. Дејството се случува со доаѓањето на Исидора во Москва и нејзината средба со големиот руски поет Сергеј Есенин…
Либрето, кореографија и режија: Олга Панго
Музика: Калиопи Букле
Сценографија и костимографија: Благој Мицевски
НАСТАПУВААТ:
Исидора: Саша Евтимова
Есенин: Игор Веланоски
Јас Исидора: Maрија Јосифовска Ристовска
Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Марина Анастасовска, Стефан Кочевски
Содржина:
Инспирацијата за претставата е големата американска балерина Исидора Данкан која живее на почетокот на 20 век. Дејството се случува со доаѓањето на Исидора во Москва и нејзината средба со големиот руски поет Сергеј Есенин. Тој и се восхитува на Исидора и неговото додворување буди страст кај неа. Нивната врска завршува со брак,а заедништвото им е поддржано од физичката привлечност, неконвенционалноста на која ја манифестираат својата уметност и идеата за еднаквост на сите луѓе (комунизмот).
Тие воопшто не се тивки општествени битија, ами бучни ѕверки чии што дела секогаш, без исклучок, креваат голем прав. Поради тоа нивниот живот е под постојана присмотра од очите на јавноста. Есениновата поетска генијалност влегува во сенката на рамнодушноста и неговата склоност кон алкохолот. Поради ниската етика паѓа во прегратките на други жени, мрежа скандали која е испреплетена од јавноста. Исидора воид битка и со него и со општеството. Почнува да се прашува: ,,Што барам тука?“ , ,,Која сум јас?“ , ,,Уметност или љубов?“ Веќе не сака да се арчи себеси во оваа јалова земја и решава да замине и да го напушти Есенин. Искусува олеснување, а наспроти неа тој останува сам во друштво со алкохолот. Не му преостанува ништо друго освен да се пијанчи, и по долго трагање ја добива сликата на ,,Црниот човек“ и тука е неговиот крај.