
Дипломира на Факултетот за музичка уметност, отсекот пијано, во класата Симон Трпчески, како негов прв студент и во чија клас ги завршува и постдипломски студии.
Добитник е на државни награди по камерна музика и пијано, а како концертен уметник, остварува рецитали низ Македонја. Како солист настапува со оркестарот на Македонската филхармонија и со оркестарт на Македонската опера и балет, како и на концертната турнејата на Симон Трпчески низ Македонија. Свој придонес дава на многу хуманитарни манифестции, концерти, претстави.
Покрај пијанистичката кариера, паралелно се реализира и како пејач со вокалните ансамбли „Вокали“ и „Хераклеа“ со кој настапува на Охридско лето, Скопско лето, ДММ, Дубровнички летни игри, Вино фестивал – Нови Сад.
Како пијано соработник настапува со солистите-првенци на МОБ, како и со истакнати ансамбли и солисти од Македонија и странство.
Својата музикалност ја реализира и на полето на диригирањето, каде што како диригент на хорот при црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје, реализираат одлични концерти во Виена, Венеција, Рим и Бари.
Во мај 2013 е поканет за член на жирито за пијанисти, на Меѓународниот фестивал за славјанска музика во Москва каде остварува неколку настапи, вклучувајќи го и отворањето на самиот фестивал.
Наунов е вработен како корепетитор при Македонската опера и балет и како надворешен соработник при Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Ворен Mok, уметнички директор, продуцент, кинески тенор од Хонг Конг со истакната меѓународна кариера повеќе од 30 години. Магистрира во Менхетен на Факултетот за музичка уметност во Њујорк и е еден од врвните тројца тенори во Кина. Во моментов е уметнички директор на Операта во Хонг Конг, гранд театарот „Fujian“ и „ Zhuahi Hua Fa Grandn Theatre“, а исто така, е посветен на музичкото образование на младата генерација, појавувајќи се како визитинг професор на Универзитетот на Оперската академија во Пекинг, „Xinan“ универзитетот и Шангајскиот музички конзерваториум, како и истакнат професор во Јужно Кинескиот универзитет. Ворен Mok добива Медал на честа од Владата на Хонг Конг во 2011 година и Светската кинеска награда во 2010 година. Во 2008 година, тој исто така беше награден со титулата „Витез на солидарноста на Италија“ од Владата на Италија, и „Витез на редот на уметноста и пишаниот збор“ од француската влада. Сите награди се во чест на неговиот придонес за културната размена меѓу Хонг Конг, Италија, Франција и Кина. Во 2015 година му беше доделена награда за десетте светски најдобри Кантонци, а во 2016 година тој ја доби наградата за еден од најистакнатите кинези во Пекинг.
