
- Може да се пријави секој од 10 години, па нагоре. За малолетните лица ќе има формулари за согласнот од родители кои ќе бидат поделени на самата аудиција.
Што е мјузикл?
- Мјузикл или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот на XX век. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или прерадено литературно дело. Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра.
Што треба да се подготви за аудицијата?
- Треба да се подготват две забавни песни, од кои едната македонска а другата странска, меѓутоа ниедна песна да не е од Тоше Проески. Пријавените кандидати ќе бидат известени преку ел. пошта во кој термин да дојдат, а аудиците се од 21 до 25 ноември. Првите аудиции се само вокални аудиции и ќе се пее без музика.
- Финалето ќе биде на крајот на месецот јануари, а премиерата крајот на март или почетокот на април.
- За пријавување на кандидатите потребен е само талент, не се потребни квалификации или да се биде оперски пејач.
- Сите аудиции и понатамошното такмичење се одржува во Македонската опера и балет.
- За сите одбрани кандидати ќе има разчлични задачи кои ке бидат зададени од стручното жири. Задачите ќе вклучуваат пеење, глума и танцување и како што поминува кругот, задачите стануваат се потешки. Победниците или финалистите ќе добијат улога во мјузиклот „Тајно моја“
Биљана Јосифов е родена во 1989 година во Крушево. Средното образование го завршува во Битола, и продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје каде дипломира и магистрира на отсекот по соло пеење во класата на Проф. Славица Галиќ – Петровска.
Родена е 1978 година во Скопје. Дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Пост-дипломските студии по симфониско и оперско диригирање, ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера “Таен брак” од Доменико Чимароза, со која се отвори Скопското лето во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број на претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија “Чикаго”. Добитник е на наградата “Георги Божиков” за 2015 година за континуирана изведба на дела од македонски композитори.