Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
„КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА“ – Пјетро Маскањи (15.10.2019) October 15, 2019 @ 8:00 pm - 9:10 pm 300МКД

Диригент: Иван Еминовиќ
Асс.Диригент: Катерина Стојковска
Режисер: Џандоменико Вакари (Италија)
Асс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија), Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Елена Дончева
Светло дизајн: Васил Лисичов
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Асс. Хор мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Настапуваат:
Сантуца: Весна Ѓиновска Илкова
Туриду: Ѓорѓи Цуцковски
Алфио: Борис Трајанов
Лола: Николина Јаневска
Мајка Лучија: Соња Пендовска Мадевска

Хорот и оркестарот на Националнат опера и балет

Сопранот Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран, певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство.

Тенорот Ѓорѓи Цуцковски, музичката критика во земјава особено го поздравува неговиот ангажиран сценски влог и „движења кои ги претставуваат емоционалните промени кои ги следат карактерите“. Меѓународно признато е неговото остварување во улогата на Маурицио во „Адријана Лекуврер“, ролја која ја пее во националните оперски куќи во Скопје, Софија и Белград наспроти светски познатите Даниела Деси, Цветелина Василева и Џована Казола…

Баритонот Борис Трајанов, во текот на својата триесетгодишна кариера играл во повеќе од 700 претстави во над 80 оперски куќи ширум светот.
За неговиот настап во „Тоска“ во 2002 година, водечкиот италијански оперски магазин L’Opera напиша: Борис Трајанов е Скарпија пред кој треба да се падне на колена.

 

Кавалерија Рустикана од Пјетро Маскањи

Опера во еден чин
Прељуба, љубомора, одмазда = Трагедија
Содржина:
Вечер пред Велигден во сицилијанско село.
Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева, сo цел да разговара со него.
Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.
Лола е жена на коларот Алфио. Туриду, пред да замине во војска бил свршен со Лола, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.
Туриду после враќањето од војска разочаран, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.
Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните, останува сосема сама, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија, каков грев сторил нејзиниот син.
Доаѓа и Алфио, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.
Зборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.
Доаѓа Туриду, Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.
Сантуца, пред која селаните ги затвораат црковните врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна.
Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.
После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.
По острата расправија, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.
Туриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца, ако тој не се врати.
Мајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.
Се слуша само:,,Туриду е мртов“

Details

Date:
October 15, 2019
Time:
8:00 pm - 9:10 pm
Cost:
300МКД
Event Category:
Website:
https://operabalet.mk/online/index.php?id=320

Venue

Национална опера и балет Скопје
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Phone:
+389(02) 3118 – 451